Француската крајно десничарска опозициска партија „Национален собир“ (РН) денеска треба да го заврши својот 17-ти Конгрес, што го почна вчера во јужниот француски град Перпињан, јави ДПА.

Конгресот треба да ги мобилизира партиските приврзаници по неуспехот на регионалните избори и пред претседателските избори следната година. Лидерката на партијата, Марин Ле Пен, која е на функција околу 10 години, треба повторно да биде потврдена на функцијата бидејќи нема притивкандидати. Ле Пен(52) сака повторно да се кандидира на претседателските избори, закажани по девет месеци, кога нејзиниот главен противник најверојатно ќе биде актуелниот претседател Емануел Макрон.

Екстремно десничарската партија неодамна потфрли на регионалните избори со својот план да освои регион како бастион на моќ за претседателските избори.

Ле Пен поразот го припишува првенствено на исклучително нискиот одив на гласачите.

Партијата, порано позната како Национален фронт, покажува немири по поразот. Меѓутоа, не се очекува отворен отпор против Ле Пен.