Фрнацуската полиција извлече повеќе од 300 мигранти и бегалци од импровизираниот камп во Гранд-Синте, на север на земјата.

Жителите на кампот, меѓу кои и 50 семејства, се префрлени во прифатни центри, јавија локалните власти.

Околу 2.000 лица живееа во 213 дрвени кабини подигнати од Доктори без граници во Гранд-Синте се додека не беше урнат до темел и претворен во пепел во април 2017 година. На 24 мај годинава имаше слична акција против мигранти и бегалци, во која беа опфатени 400 лица.

Министерствотото за внатрешни работи до сега има спроведено 37 акции од 2015 година во кои биле опфатени 31.400 мигранти. Многу од мигрантите бараат азил во  ЕУ земја во која прв пат биле регисрирани, согласно Даблинската конвенција.

Франција прими 100.000 барања за азил лани, а само на 30.000 лица им понудила бегалски статус. Речиси 15.000 биле насилно протерани.