Француските медиуми денеска објавија дека претседателските избори ќе се одржат на 18 април, а вториот круг ќе биде на 2 мај 2027 година.
Согласно Уставот на Франција, изборите мора да се одржат од 20 до 35 дена пред крајот на тековниот петгодишен мандат. Претседателот Емануел Макрон вториот мандат го почна на 14 мај 2022 година.
Официјалната дата на следните претседателски избори ќе биде објавена на денешната владина седница.




