Нов ден, нов Фројдов комплекс проработува кај врхушката на СДС. Во паника од можноста за брзо затворање на аферата која самите ја создадоа со Алта банка АД Битола, афера која никогаш и не постоеше (освен во нивните глави), денеска и Јон Фрчкоски призна што требаше минатите две години, по промената на власта, да работат македонските обвинители, пишува Курир.
„Во Србија секој ден има апсења. Обвинителството работи. Ги вади истрагите од фиока.
Обвинителството мора да работи според законот и да постапува.
Затоа е потребна брза и силна реакција од Обвинителството.
Мора да покаже дека работи независно и по закон“, свика Јон од партиската говорница, не сфаќајќи дека доколку навистина беше така и во Македонија и доколку обвинителите си ја работеа работата минатите две години, голем дел од врхушката на СДС ќе беше под истрага, вклучително и тој самиот за јавната употреба на недозволени наркотични средства и влијанието врз јавноста и младите со тој криминален, нахален чин.
Воедно, Јуниор потсвесно самиот призна дека обвинителите кријат предмети на висока корупција од владеењето на СДС во фиоките.
Оваа тема ја отвори лично премеирот Христијан Мицкоски на почетокот на годината по изборот на новиот републички јавен обвинител Ненад Савески.
„Голем дел од предметите кои беа држени во фиока ќе бидат извадени во јавноста и таа ќе види зошто и кои обвинители ги држеле во фиока, која е цената и зошто тоа е правено“ – изјави премиерот на 29-ти јануари 2026-та.
Несакајќи, и Фрчкоски потврди дека многу добро знаат за скриените предмети по фиоките во ЈО?
Можеби, деновиве ќе признаат и дека непотребно ширеа паника кај штедачите на Алта банка АД Битола?
Тешко, за такво нешто треба да имате морал, а етиката одамна си замина од Бихаќка…
Извор: Курир




