Пратеникот на СДСМ, Оливер Спасовски го тужел за клевета пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски за изјава во која тој вели дека челните луѓе на СДСМ се криминалци.

„Кого може Груби да повлече со него? Дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал Заев, Филипче, Спасовски, Зечевиќ“, прашува Петрушевски на прес-конференцијата која е „спорна“ за Спасовски.

Со Спасовски, вели Петрушевски, ќе се докажуваме на суд, па прашува дали останатите кои не го тужат за оваа изјава, навистина се криминалци.

-Дали е Спасовски криминалец или не, ќе се докажуваме на суд. Но во истата изјаваги спомнувам и Заев и Филипче, но истите не ме тужат. Дали навистина се криминалци? – вели Петрушевски во видеото објавено на Фејсбук.