Гувернерот на НБРМ, Трајко Славески и НБРМ како правен субјект задолжен за монетарната политика, контрола, надзор на банките, со сето она што го изнесоа во медиумите, како факти и аргументи дека таму нема ни најмали индиции за било каков криминал, е потполно во право што поднесе таква иницијатива во кривичните пријави против сите оние кои ширеа паника и страв меѓу граѓаните со цел да ја нарушат стабилноста на монетарната политика во Република Македонија, истакна безбедносниот аналитичар и поранешен началник, Љубомир Ѓурчески, во НАТКАСТ на КУРИР.

-Јас верувам дека ова што сега го прави опозицијата, е само обид за дефокус на граѓаните. Да ги дефокусираат од вистинскиот проблем кој тие го создадоа. До мене дојдоа основи на сомнение дека бидејќи не успеа бизнисот во Дубаи, со легализација на парите од провизиите, тие пари со оглед на воената криза и нарушената безбедност во арапскиот свет, тие пари на некое друго место мора да се појават. А најдобриот начин за легализација на тие пари е или градежништвото што зборувавме дека ќе го работат во Дубаи или банкарскиот сектор каде што треба да поминат парите стекнати со незаконски дејствија, рече Ѓурчески.

Вели дека разбира која е целта на опозицијата и очекува тие перманентно да плукаат, но бара да реагира и Јавното обвинителство.

-Затоа е добро некој, согласно закон да ги спушти на земја, затоа што со нивното делување сторуваат кривични дела против уставното уредување на Република Македонија, со напад врз монетарната политика. Прават нарушување на монетарната политика во Македонија. Затоа треба Јавното обвинителство повеќе да му даде третман на целото ова делување на било кој кој што сака да создава страв, паника, да шири лажни состојби наместо да седне конструктивнода помогне, да се залага за обесштетување на граѓаните и решавање на проблемот, рече тој.

Целото негово гостување погледнете го во видеото во продолжение: