Бројот на банкроти во Германија повторно се зголеми во август, според најновите официјални бројки од германската статистика, јави ДПА.
Германските судови регистрирале 2.067 барања за банкрот, објави Федералниот завод за статистика Дестатис. Нивниот број се зголемил за 4,4 проценти во споредба со август 2025 година. Во јули, растот на компаниите што прогласиле банкрот бил значително поголем – за 8 проценти.
Од јануари до август оваа година, регистрирани се 17.252 случаи на банкрот на компании, што е за 6,6 проценти повеќе во однос на истиот период лани.
Најмногу банкроти се регистрирани во секторот за транспорт и складирање – 97,6 случаи на 10.000 претпријатија, по што следат хотелскиот и градежниот сектор.
Во исто време, бројот на нови бизниси во Германија е зголемен. Во првите три квартали од годината, во Германија беа отворени 525.100 бизниси, вклучувајќи ги и малите бизниси. Тоа е за 7,7 проценти повеќе отколку во претходната година.




