На денешен ден Диего Форлан потпиша за Виљареал каде дојде од Манчестер Јунајтед во трансфер тежок „само“ два милиони евра.

Тој таа сезона во дресот на Жолтата подморница одигра 38 натпревари и постигна 25 погодоци.

Колку само се промени за скоро деценија и пол. Пред 14 години ваков играч можело да се купи за „само“ два милиони евра, а денеска би чинел веројатно 70 милиони повеќе.