Легендата на европскиот фудбал, Луис Фиго, упати видео-порака до македонските навивачи на Реал Мадрид и ги поздрави сите приврзаници на Реал од Мадрид, објави спортскиот портал Екипа.

– Поздрав! Посакувам убави работи за Неготино и за Македонија, гласи кратката порака од Фиго до Македонците кои се дел од фан-групата на Реал.

Португалецот Фиго, кој го носеше дресот на мадридски Реал, прогнозира дека Реал Мадрид ќе биде победник во финалето од Лигата на шампионите.

– И Ливерпул е голем тим, но Реал Мадрид ќе ги победи во финалето, верува Фиго.

Видеото што го објавува Екипа може да го отворите ТУКА.