Групата седум индустриски најразвиени земји  ја осуди руската окупација на нуклеарната централа Запорожжје и ја повика Москва веднаш да и ја врати целосната контрола на централата на Украина.

Украинскиот персонал што управува со централата мора да биде способен да ги извршува своите задачи без закани и притисок. Континуираната контрола на Русија врз централата е таа што го загрозува регионот, се вели во соопштението на министрите за надворешни работи на Г7.