Галеб го исфрли изметот на ракавот на хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ при неговото обраќање до медиумите.

Додека тој зборуваше за новиот пакет мерки што го подготвува Владата, надлета јато галеби, а еден беше особено прецизен, па Пленковиќ заврши со измет на ракавот.

„Галеб… Гледаш, ова е среќа. Ова е бел галеб“, со кисела насмевка прокоментира Пленковиќ, бришејќи траги од птичји измет од оделото.