Откажани се повеќе од 1.550 летови од САД и кон нејзините аеродроми, поради големата зимска бура, која го наруши транспортот ширум земјата.
Како што наведува сајтот за следење на авиолетови FlightAware одложени се повеќе од 1.500 летови. А како што јави АП, меѓу најтешко погодените аеродроми е меѓународниот Логан во Бостон, додека од регионалниот аеродром Манчестер-Бостон во Њу Хемшир закажани биле полетувања само на три авиони. Откажани се сите летови на меѓународниот аеродром во Берлингтон.
АП истакнува дека од зимската бура, која го погоди американскиот Среден запад и Североисток, погодени се и другите водови транспорт, како железничкиот.
Американската железничка компанија Амтрак соопшти дека очекува сите нејзини возови повторно да сообраќаат според распоредот денеска (понеделник), по викендот во кој имаше отлажувања и одложувања на возови, предизвикани од зимското невреме.
Меѓу линиите на кои влијаеше невремето се линијата од Бостон до Вашингтон, од Њујорк до Бафало, од Чикаго кон Њујорк и Бостон, како и линиите од Њујорк кон Филаделфија и Харисбург.
Патниците се предупредуваат да бидат внимателни при влегувањето и излегувањето од возовите, зашто платформите и натаму може да бидат лизгави поради мразот.