Се смета дека меѓународните политики на Русија и Кина го дестабилизираат светот, мислење кое е слично со претходните години.

Во споредба од пред една година, има зголемување на позитивното расположение кон САД со тоа што најголемата велесила се приближува до позитивната страна на скалата. Повлекувањето на САД од Авганистан беше фактор, но очигледно не и клучниот. Се чини дека крајот на претседателствувањето на Доналд Трамп е поголемиот фактор и дома и во странство. ЕУ останува единствената суперсила која позитивно се перцепира со подобрување на мислењето од пред една година. И во С. Македонија слична е перцепцијата за Русија и Кина, и за ЕУ додека за САД подеднакво е мислењето на оние кои ги гледаат како стабилизирачка и дестабилизиралка сила.

Ова се дел од заклучоците и некои хипотези кои произлегуваат од новата глобална анкета „Крајот на годината“ за перцепцијата за светските суперсили и нивните политики како и за повлекувањето на САД од Авганистан, која традиционално е спроведена од Gallup International Association на крајот на 2021 година во 45 земји ширум светот и опфаќа преку 42.000 возрасни граѓани, што претставува речиси 2/3 од светската пппулација.

Подобрувањето на глобалниот имиџ на САД, како што се наведува, веројатно се должи на промените во Белата Kуќа. Сепак, негативната оценка за американската меѓународна политика најсериозно се зголеми во самиот Авганистан. Глобално (и очекувано) САД се перцепирани најнегативно на Блискипт Исток, Русија и Западна Азија додека мнозинството од луѓето во Индија и Африка напоѓаат прилично стабилизирачки ефект во меѓународните поитики на САД. Глобалниот нето резултат за САД – процентот на одговори „стабилизираат“ минус процентот на одговорите „дестабилизирачки“ – сега е -2. Пред три години беще -28. Топ пет земји кои сметаат дека САД се стабилизирачки фактор во светот се Виетнам (76% велат дека САД го стабилизираат светот со нивните меѓународни политики), Албанија и Нигерија (72%), Филипини (71%), Кенија (70%) и Косово (70%), Тајланд (64%). Луѓето во Авганистан (72% велат дека меѓународната политика на САД е дестабилизирачка), Србија (71%), Ирак (70%), Палестина (68%) и Пакистан (63%) се најуверени дека меѓународната политика на САД го дестабилизира светот

Имиџот на Русија останува негативен, иако беше полош пред неколку години. Третина од анкетираните луѓе ширум светот сега велат дека меѓународната политика на Русија се стабилизира. Сепак, речиси половина од анкетираните сметаат дека меѓународната политика на Русија е дестабилизирачка. Четвртина од испитаниците немаат формирано мислење. Така, глобалниот нето резултат за Русија сега е -17.

Меѓународните политики на Русија изгледаат најдестабилизирачки за луѓето во Австралија, САД, Европа, ЕУ (попбено западниот дел на Унијата) и Блискиот Исток. Од друга страна, испитаниците во Индија ги сметаат меѓународните политики на Русија како прилиќно стабилизирачки за светот – дури и повеќе од самите Руси. Меѓународните политики на Русија се позитивно оценети и во Африка. Меѓународните политики на Русија се сметаат за најстабилизирачки во Албанија (86%), Виетнам (76%), Србија (64%), Казахстан (62%) и Индија (57%). Топ пет најнегативни ставови се регистрирани во Украина (74%), Австрија (70%), Германија, Косово, Полска (69% во секпја земја), Чешка (68%) и Швајцарија (66%).

Меѓународните политики на Кина исто така се сметаат за дестабилизирачки за светот (net score-18) и ги сметаат за дестабилизирачки во Австралија (со огромно мнозинство од 80% од сите одговори таму), Индија, Блискиот Исток, Европа (со значително поголем удел на негативни ставови во ЕУ, а особено во
западниот дел на земјите од ЕУ) и САД. Луѓето во Африка и до одреден степен Русија сметаат дека има прилично стабилизирачка улога во политиките на Кина. Ставовите на Русите кон меѓународната политика на Кина се издвојуваат – со тоа што двајца од пет испитаници се нопдлучни во своите одговори. Топ 5 најпозитивни ставови кон меѓународните политики на Кина се регистрирани во Албанија (79%), Кенија (64%), Малезија (64%), Нигерија (64%), Пакистан (58%), Србија (56%) ) и Тајланд (53%). Топ 5 земји кои ги гледаат меѓународните политики на Кина како дестабилизирачки за светот се Република Кореја (88%), Виетнам (82%), Австралија (80%), Австрија (72%) и Швајцарија (71%).

Меѓународните политики на ЕУ ширум светот сè уште се перципираат како стабилизирачки. Унијата и понатаму останува единствената велесила која е во позитивната страна на скалата (+18 нето резултат сппред овој бран на истражувањето). Оваа позитивна оценка за улогата на ЕУ во меѓународните односи е прилично конзистентна со претходните годишни истражувана на GIA, иако се забележани некои варијации. Сепак, капацитетпт на ЕУ да влијае на светската политика не е многу голем. Во Русија и на Блискиот Исток, сепак, ставовите се значително различни во споредба со глобалната слика. Голем дел од луѓето таму ја критикуваат ЕУ. Политиките на ЕУ како најстабилизирачки се оценети во Албанија (82%), Виетнам (78%), Кплумбија (62%), Малезија (60%) и Германија (59%). Топ 5 „најдестабилизирачки“ се регистрирани во Палестина (57%), Србија (51%), Авганистан и Ирак (и двете со 48%), Русија (45%), и  во Хонг Конг и Пакистан со по 44% .

Во Република Северна Македонија, БРИМА го спроведе истражувањето со теренска анкета (TAPI), лице в лице, во ддомот на испитаникот, на националеп репрезентативен примерок со 1210 испитаници на возраст 15+ години, во период од 19 ноември до 08 декември 2021, со маргина на грещка од +/- 3% со ниво на доверба од 95%. На прашањето што мислите за меѓународните политики на следните четири суперсили – дали нивните политики го стабилизираат или дестабилизираат светот?” во однос на САД изедначен е процентот (42%) на оние кои во земјава се изјасниле позитивно и негативно по прашањето, а 16 проценти немале одговор. За Русија доминира процентот на оние кои сметаат дека нејзината меѓународна политика го дестабилизира светот (48%) наспорти оние кои ја оценуваат стабилизирачка (31%), а 21 процент од акнетираните не дале одговор. Слично гледање имаат и за Кина, за 45 проценти од испитаните таа има дестабилизирачка услога, наспорти 29 отсто кои семтаат дека има стабилизирачка меѓународна политика, додека 26 отсто не дале одговор. Најголем процент или 58 отсто од испитаниците гледаат стабилизирачка улога на ЕУ во светот, наспроти 27 проценти кои имаат спротивно мислење, а 14 отсто не дале одговор.

Според Канчо Стојчев претседател на Gallup International Association, иако во својата почетна фаза на формирање, новата мултиполарна политичка структура на светот може да еволуира до добро познатиот би-поларен модел познат како Студената војна. Сегашните меѓународни тензии, вели, ја туркаат ЕУ зад сенката на САД, додека Русија постепено се поврзува со Кина. Но, ова се две различни ситуации – во првиот случај има јасен шеф додека во вториот повеќе се работи за споделена моќ што дава многу поголема флексибилност и сила и на Русија и на Кина. Западот, неспорно предводен од САД, сè уште има шанса да не ја турка Русија понатаму на Исток, но се чини дека преовладува недостатокот на мудрост и чувството на суперирност, заклучува Стојчев.

Истражуваоетп „Крајот на годината” (EoY) на Галуп Интернејшенел е годишна традиција иницирана и дизајнирана под претседателствп на д-р Џорч Галуп во 1977 гпдина и оттогаш се спроведува секоја година.