Корисникот со псевдоним Константин објави интересна и загонетна политичка гатанка на Твитер.

Кој ќе ја погоди оваа претешка гатанка ќе биде кандидиран за Нобелова награда, а ништо чудно и да ја добие. Погодете ја гатанката на Константин: Кој е тој што најмногу лаже и најмногу зборува за лажни вести или ај ако повеќе сакате за фејкњус.

– Лажеше и злоупотребуваше смртни случаи. Лажеше за фантомите. Лажеше за двојазичноста на цела територија. Лажеше за промената на името и Уставот. Лажеше за датумот за преговори со ЕУ. Лажеше за просечна плата од 500 евра. Лажеше за бомбите. Лаже за рекет. Лаже непрекинато лаже!- гласи политичката гатанка на Константин.

Погодете кој е, тешко е, ама Нобеловата не се добива за лесно.