Тренерот на Милан, Џенаро Гатузо, смета дека неговиот тим загубил со 1:2 од Јувентус поради свои грешки, а не поради супериорноста на „Старата дама“.

– Ова беше нашиот најдобар натпревар за 2019 година. Изгубивме во последните 18-20 минути, не поради тоа што Јуве се справи добро, туку поради нашите грешки. Овие работи може да се случат во фудбалот, рече Гатузо за „Скај Спорт Италија“, кој одби да го коментира судењето на мечот.