Капитенот на Борусија Дортмунд, Марко Ројс, се извини за дебаклот, кој фудбалерите на тимот го претрпеа во Минхен против Баерн во натпревар од Бундеслигата.

Борусија, којa вчера загуби со 5:0 на „Алијанц Арена“, веќе заостанува поен од Баерн Минхен во пласманот во Германија.

– Во име на тимот, би сакал да им се извинам на сите фанови кои нè поддржаа во Минхен. Моравме да покажеме повеќе карактер. Ова е разочарувачки ден, изјави Марко Ројс по дербито во саботата вечер.