Македонија и Бугарија утре повторно заеднички ќе му оддадат почит на Гоце Делчев.

Поради тоа во Скопје пристигнува делегација од Софија предводена од шефицата на бугарската дипломатија Теодора Генчовска.

Во отсуство на премиерот Ковачевски и министерот Османи кои се наоѓаат во Брисел, нив ќе ги пречека министерката за култура Ковачевска. Двете делегации во 13 часот ќе се упатат кон црквата Св.Спас, каде што ќе му оддадат почит на Делчев.

Утрешната програма предвидува и посебна владина делегација на чело со првиот вицепремиер Груби, која претпладне ќе го посети гробот на Делчев, а венец на вечното почивалиште во текот на денот ќе положи и претседателот Пендаровски.

Чествување ќе има и во Софија, каде што премиерот Кирил Петков во придружба на македонскиот в.д. амбасадор Владимир Крстевски ќе пололожат цвеќиња пред споменикот на Делчев во Борисовата градина во Софија.