Ставот на Бугарија за почеток на преговорите меѓу РСМ и ЕУ е јасен и не може да се менува на претстојниот Совет за општи работи, изјавил бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска како реакција на изјавата на шефот на македонската дипломатија Бујар Османи.

-Односите меѓу нашите две земји не можат да се сведуваат на фудбалски натпревар и да разговараме на чиј терен е топката, изјавил Генчовска.

Според неа, Османи често се појавува во медиумите и постојано зборува.

-Ова не е тениски или фудбалски натпревар за да зборуваме топката кај кој тим е или на чие поле. Нашиот став е исклучително јасен, имаме национален консензус за оваа тема. Не знам на кој појасен начин да му објаснам на господинот Османи, рече Генчовска.

Таа категорично ја отфрлилила изјавата на премиерот Димитар Ковачевски дека „Европската интеграција на С.Македонија и Албанија е заложник на Бугарија“.

-Тие не го исполнуваат договорот, ни требаат конкретни постигнувања. Веќе изгубивме 5 месеци во разговори и интервјуа. Чекаме да почне реализацијата на договорот, рече Генчовска во одговор на прашање на БГНЕС.

Османи денеска на прес-конференција повтори дека „топката“ е кај Бугарија и според него таму треба да се консолидираат ставовите по однос на тоа што понатаму со процесот меѓу Скопје и Софија.