Ќе се стремиме да постигнеме напредок во работата на Мешовитата комисија за историски и образовани прашања, за подготовка на календар за заедничко одбележување на личности од заедничката историја, за што веќе е постигнат договор (Самуил, Св. Кирил и Св. Методиј, Свети Климент, Свети Наум). Ќе инсистираме и на отпочнување на процес за осовремување на наставната програма во Република … Македонија, изјави денеска бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска во рамки на интервјуто за БНР.

За жал, некои вандалски акти по прославата на 150-годишнината од раѓањето на Гоце Делчев во Скопје ја отвораат темата за спротивставување на говорот на омраза, што е важен предуслов за разрешување на други спорни теми во разговорите со нашите колеги. Таква друга тема е желбата на нашата земја за рехабилитација на граѓаните на … Македонија прогонети од југословенскиот комунистички режим, поради нивната бугарска самосвест. Еден од важните услови за напредок во билатералните односи е остварување на опипливи, одржливи резултати во процесот на враќање на довербата, истакна Генчовска.

Таа додава дека со Бујар Османи договориле интензивно да продолжат средбите меѓу експертските тимови на министерствата за надворешни работи за политички прашања, без чија одлука не може да се очекува вистински напредок.

„Средбата во петок е на покана од бугарска страна и ќе се разговара за пакет теми. Она што сакам да го забележам е дека ќе се залагаме за целосно спроведување на Договорот од 2017 година и за почитување на правата на Бугарите во Република … Македонија. Бугарија ќе продолжи да го поддржува легитимното барање Бугарите во … Македонија да бидат вклучени на еднаква основа со другите народи во нејзиниот устав. Човековите права се прашање на цивилизациски избор и се основна вредност на Унијата во која … Македонија сака да се приклучи.“