Генералното Собрание на ОН усвои резолуција за хуманитарно примирје во Газа, без осуда за Хамас

/ 27.10.2023

Генералното собрание на Обединетите нации вечерва усвои резолуција со која се повикува на „хуманитарен прекин на огнот“ во Појасот Газа.

Резолуцијата подготвена од арапските држави не е обврзувачка, но има политичка тежина.

За усвојување на резолуцијата гласаа 120 земји, 45 беа воздржани, а 14 членки на ОН беа против, меѓу кои Израел и Соединетите Американски Држави.

На седницата на Генералното собрание на ОН не беше усвоен амандманот на Канада со кој се бара дејствијата на палестинската милитантна група Хамас против Израел на 7 октомври да се окарактеризираат како „терористички напади“, пренесува „Њујорк тајмс“ и додава дека ова беше проследено со громогласен аплауз во салата.

Сите арапски земји гласаа против усвојувањето на тој амандман.


Од истата категорија