Минатава ноќ низ Скопје се случи герила акција во која со плакати и огласи „за работа во АРМ“ се излепени повеќе штабови на СДСМ.

Низ партиските штабови на владејачкиот СДСМ се излепени плакати со оглас за вработување во АРМ, регрутни центри, одговорни лица Миле, Цаци и Диме.

Оваа герила акција доаѓа откако на официјалната фејсбук страница на СДСМ Арачиново, кандидатите кои што аплицирале за работа во АРМ се повикуваат да се појават кај претседателот на огранокот на истата партија или кај раководството на истата.

-Почитувани сонародници, ве повикуваме сите кои што аплициравте на огласот на Министерството за одбрана за прием на војници во Армијата на РС Македонија, кандидатите да се појават кај претседателот на огранокот во Арачиново или кај членовите на раководството на огранокот СДСМ-Арачиново, се вели во повикот на партијата објавен на Фејсбук.

Во меѓувреме откако се објави скандалозната информација, истата беше отстранета од профилот на СДСМ-Арачиново на Фејсбук.

Засега не се знае кој стои зад оваа герила акција.