За време на сослушувањето, тој признал во полицијата дека сакал да пренесе вода во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.
Германец, кој деновиве бил на плажа во близина на Трст, во неговиот камион натоварил 24.000 литри морска вода. По дојава на граѓани, тој бил приведен од локалната полиција и добил казна од 1.549 евра, а „украденото” море морал да го врати во Трстскиот залив.

Полицијата открила дека 48-годишниот германски државјанин, кај во населбата Баркола, во близина на замокот Мирамере, во својот камион неовластено испумпал 24.000 литри вода од Јадранското Море, објави Хина.

Германецот признал за време на истрагата во полиција дека сакал да ја пренесе морската вода во Германија за потребите на еден аквариум со морски риби.