Германскиот национален железнички оператор „Дојче Бан“ нарача 30 нови ултра брзи возови од „Сименс“ во вредност од милијарда евра.

Новите „ICE“ возови ќе бидат пуштени во употреба од 2022 година, прво на релацијата меѓу западниот дел на земјата, провинцијата Северна Рајна-Вестфалија, на север, и Минхен, на југ.

Компанијата соопшти дека во наредните години за 20 отсто ќе се зголеми флотата возови на долги релации и дека е во опцијата да се купат уште 60 ултра брзи возови.

„Дојче Бан“ соопшти дека побарувачката на нивните услуги значително опаднала поради пандемијата на коронавирусот, но дека, на долг рок, се одело во прилог на развојот на железницата, затоа што не ја загадува околината.

Компанијата претходно годинава ја намали цената на билетите, кога германската Влада го намали данокот на додадена вредност на цените на билетите, како дел од мерките воведени за борба против климатските промени, јавија американските медиуми.