Германија плаќа се повеќе и повеќе детски додаток за странците од членките на ЕУ, иако нивните деца живеат во своите татковини, пишува денес „Билд“.
Весникот заклучува дека дури и градоначалниците на СПД се на барикадите: тие намирисале социјални измами од големи димензии.
Еден од тие што со своето семејство со автобус стигнале од Бугарија пред осум години со цел да живеат на добрите државни бенефиции е и Рики (измислено име) од Пловдив, Бугарија. Тој во разговор со новинар на „Билд“ вели дека дошол во Дортмунд со своите две деца и родителите кои се населиле во стан од 70 квадратни метри. Првите две години Рики работел како готвач, а сега целото семејство живее од социјална помош.
Еве ја математиката на Рики: „Во Бугарија месечно можете за секое дете да добиете 7-8 евра, како и 15 евра социјална помош ако сте невработен. Затоа е подобро во Германија. Овде се добива по 200 евра за секое лица. Семејство со две или три деца можат да добијат речиси 800 евра. За кирија и за струја ќе ни се исплатат 600 евра. Истот ака има придонеси за невработеност. Еве зошто Германија за мене е најдобра држава“.
Инаку, во сите членки на ЕУ е загарантирано правото на слободно движење, а токму според тоа правило е и зголемен бројот на странци во Германија. Ова прашање беше едно од клучните зошто Велика Британиа се реши да излезе од ЕУ.
Според Федералното Министерство за финансии во Германија има 268.336 деца на странци, а кои живеат во други ЕУ земји, и оваа цифра споредена со таа лани во јуни е зголемување за 25.000 деца. Меѓу нив има 117.000 Полјаци, 21.000 Чеси и по 19.000 од Романија и од Хрватска.
Втората вистина, која ја погоди Германија и нејзиниот социјален систем, е тоа што при проверка е констатирано дека се издвојуваат пари за деца кои всушност и не постојат. Во Северна Рајна Вестфалија биле проверени 100 семејства, од кои 40 примале детски додаток без за тоа да има основа. Штетата е проценета на 400.000 евра, а зад овие операции се наоѓале добро организирани банди кои ги собирале парите.
Градоначалникот на Дуизбург, Сорен Линк вели: „Владата конечно мора нешто да направи за сиромашните бегалци кои постојат во Европа. Многу имигранти долго време се жртви на добро организиран систем на шверцери кои нив ги користат за земање социјални бенефиции со фалсификувани документи“.
Во Дуизбур,г на пример, во 2005 година имало 18 имигранти, а сега се 19.000.
Германски политичари сметаат дека овој растечки проблем единствено може да се реши на ниво на ЕУ, но до сега Европската комисија сите предлози поврзани со ова прашање решително ги одбиваше.