Европската унија не смее да ги спречи руските туристи да го посетат блокот, порачаа Германија и Франција во пресрет на состанокот на министрите за надворешни работи во Прага, на кој ќе разговараат за барањата на балтичките земји и некои други членки за забрана за издавање визи за Русите.
– Иако ја разбираме загриженоста на некои земји-членки во овој контекст, не треба да ја потценуваме трансформативната моќ на искуството на животот во демократски системи од прва рака, особено за идните генерации, се вели во француско-германскиот документ.
– Нашата визна политика треба да го одразува тоа и да продолжи да дозволува контакти меѓу луѓето во ЕУ и руските граѓани кои не се поврзани со руската влада, се додава во соопштението.
Доцна попладнево, министрите за надворешни работи на ЕУ ќе пристигнат на дводневен состанок во Прага.