Германија до 2031 година, место до првично планираната 2024 година, ќе одвојува по два отсто од годишниот БДП за својата и одбраната на НАТО, изјави министерката за одбрана Анегрет Крамп-Каренбауер.

Министерката Крамп-Каренбауер изјави дека Германија ќе издвојува за одбрана по два отсто од својот БДП најдоцна до 2031 година, пренесуваат британските медиуми.

-НАТО е и ќе остане сидро на европската безбедност. Но, исто така, е јасно и дека Европа мора да ја зголеми својата комплементарна способност за делување, рече Крамп-Каренбауер на рпославата организирана синоќа во чест на генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.

„Тоа почнува со буџетот за одбрана. Мораме да издвоиме 1,5 отсто до 2024 година и два отсто најдоцна до 2031 година“, рече германската министерка за одбрана.

Само седум земји членки на Алијансата во моментов ја исполнуваат оваа зацртана цел- да издвојуваат два отсто од својот БДП за одбраната: САД, Велика Британија, Грција, Полска, Летонија, Литваниоја и Естонија.