Фудбалерките на Германија се пласираа во полуфиналето на ЕВРО2022 во женска конкуренција кое се игра во Англија, откако синоќа ја совладаа во четвртфиналето Австрија со 2-0 (1-0).

Головите за Германија ги постигнаа Лина Магул во 25. минута и Александра поп (89).

Германија во полуфиналето ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Франција и Холандија.

Во средата пласман меѓу четирите најдобри репрезентации на ЕУРО2022 избори и домаќинот Англија со триумфот од 2-1 над Шпанија, и во полуфиналето ќе игра против победникот од четвртфиналната пресметка меѓу Шведска и Белгија.