Германската воена контраразузнавачка служба МАД (MAD) предупредува на зголемениот ризик од хибридни напади, саботажи и активности на платеници во име на странски сили.

ДПА пишува дека тоа особено е однесува на руските разузнавачки операции, кинеското шпионирање и растот на десничарскиот екстремизам во рамките на Бундесверот.

Во својот годишен извештај за 2025 година, МАД наведува дека Германија, поради својата геостратешка положба, зајакнувањето на армијата и воведувањето нови системи на оружје, станала „приоритетна цел“ на руските шпионски активности.

Хибридните закани, кои вклучуваат кибер напади, саботажи, пропаганда и обиди за политичко влијание, дополнително се интензивираа.

МАД предупредува дека значително се зголемени активностите на таканаречените „потрошни платенички агенди“. Станува збор за лица кои се користат од странски сили за спроведување операции, а нивното ангажирање често се поврзува со обиди за дестабилизација и тајни акции.

Германската служба, исто така, предупредува на ризиците поврзани со патувањата на припадниците на Бундесверот во Русија и Белорусија. Многу од овие војници имаат семејни врски со двете земји, но поради ова тие можат да станат поранливи на уцени и закани од странски разузнавачки служби.

Во извештајот се наведуваат и кинески шпионски активности, вклучувајќи барем еден случај на извидување на воена инфраструктура. Според МАД, Пекинг користи и делови од кинеската дијаспора во вакви операции.

Посебен проблем е екстремизмот во рамките на германските вооружени сили. Минатата година, МАД отвори 610 нови случаи поврзани со можни екстремистички активности, во споредба со 524 случаи претходната година. Од нив, 519 случаи беа поврзани со десничарски екстремизам, што е за 26 проценти повеќе од претходната година, кога беа регистрирани 413 вакви случаи.

Службата, исто така, предупредува за постепено поместување на границите на прифатливото однесување и говор. Според MAD, екстремните ставови стануваат сè понормализирани, што го отежнува јасно дефинирањето на границата помеѓу прифатливите и неприфатливите ставови.