Шефицата на германската дипломатија Аналена Бербок денеска ја почнува повеќедневната посета на САД. Прво ќе го посети републиканското упориште Тексас, каде е предвидена средба со гувернерот Грег Абот.

Бербок во Остин ќе ја посети компанијата која спроведува тест возења со автономни возила во соработка со германскиот автомобилски гигант Фолксваген.

За утре е предвидено Бербок да го посети најголемиот град во Тексас, Хјустон и ќе има средба со демократскиот градоначалник Силвестер Тарнер.

На 14 и 15 септември Бербок ќе престојува во Вашингтон, каде ќе разговора со претставници на американскиот Конгрес, а ќе се сретне и со нејзиниот колега Антони Блинкен.

Предвидено е Бербок да присуствува на Генералното собрание на ОН во Њујорк следната недела.