Германскиот министер за финансии, Кристијан Линднер излезе позитивен на коронавирус за време на пролетната конференција на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) во Вашингтон, јави ДПА.

Линднер (43) ја потврди веста на Твитер. Тој е позитивен на вирусот „по две години без Ковид-19 инфекција“.

Министерот додаде дека „благодарение на трите вакцини“, сега се соочувал „само со благи и бледи симптоми на настинка“.

Тој беше во Вашингтон за состанокот на министрите за финансии на земјите од Г20.