Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ одговори како се чувствува поради непријателскиот однос на трибините.
– Има многу поголем притисок и стрес ако трибините се против вас. Но, поголемиот дел од мојата кариера играв во непријателска средина. И научив да се истакнам во тоа. Луѓето мислат дека ова е уште подобро за мене, дека ќе го извлече максимумот од мене. И така беше. Но, во исто време, повеќе сакам да играм во средина каде што сум поддржан, изјави Србинот.
Триесет и шестгодишниот Ѓоковиќ е победник на 24 Грен слем турнири, седумкратен победник на АТП завршните турнири и шампион на 99 АТП турнири.
Сезоната 2023 Ѓоковиќ ја заврши како прв рекет во светот. Ова е осма година како тој е на тенискиот трон.
Фото: ЕПА