Српскиот и светски тенисер број еден, Новак Ѓоковиќ, даде интервју со кое гостуваше во емисијата „Еден на еден“ на Жаре Димитриоски.

Интервјуто го поготви новинарот Бошко Тасиќ, а во него зборува за почетоците на Ѓоковиќ, за неговата тениска кариера и успеси, како и менталната сила која ја наоѓа за време на натпреварите кога му е најтешко.

Ѓоковиќ говори и за Македонија и испрати специјален поздрав и порача дека Охрид и Скопје му се на список за посета во наредниот период.

По интервјуто Ѓоковиќ за подарок доби и дрес од македонската ракометна репрезентација, спорт кој моментално е број еден во нашата држава.