Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој на завршниот Мастерс во Лондон ќе се обиде да го освои трофејот и оваа 2019 година да ја заврши како лидер на АТП листата, од двете омилени победи во кариерата, едната беше пред неколку месеци.

Ѓоковиќ зад себе има многу епски дуели кои влегоа во историјата на тенисот, веројатно најмногу се паметат неговите пресметки со Рафаел Надал и Роџер Федерер. Затоа, не можеше да издвои една, туку има две омилени победи. Првата во Мелбурн, во меч кој траеше 5 часа и 53 минути, и другата во Лондон кога спасуваше меч-топки пред да направи пресврт.

„Победата против Надал во финалето на Австралија опен во 2012 и со Федерер годинава на Вимблдон. Не ми се најдраги само затоа што победив, туку и што беше привилегија да се игра на такви мечеви“ – вели популарниот Ноле.