Капитенот на македонската одбојкарска репрезентација Никола Ѓорѓиев е со зголемен оптимизам по доброто издание против Бугарија минатиот викенд на турнирот „Чајка“.

– Со изданието против Бугарија, играчите ме убедија дека можеме да играме на Европското првенство, а пред тоа, искрено, не верував дека ќе биде добро. Но доколку играме како со Бугарите, Финска сигурно ќе падне! Игравме зрело, не правевме глупави грешки, со Бугарија ниту една топка не падна на терен, постојано ја допиравме, се боревме. Ако немаме проблеми со повреди, мислам дека ќе ја победиме Финска, вели Ѓоргиев.

На Европското првенство во Љубљана, Македонија е во групата-Ц со Финска, со Турција, со Русија, со Белорусија и со домаќинот Словенија.