Градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓивски денеска истакна дека првпат откако е изградена темелно се реконструира улицата „101” во Волково, при што на потег од над 1.000 метри се гради нов коловоз.
-За првпат откако е изградена – темелно ја реконструираме улицата ,,101” во Волково! На потег подолг од 1.000 метри градиме нов коловоз, попивателни бунари, го уредуваме просторот кај последната станица на линијата „22“ и поставуваме нова автобуска постојка – објави Ѓорѓиевски на Фејсбук.

Тој истакна дека ова е значајна сообраќајница која го поврзува Волково со обиколницата и секојдневно ја користат голем број граѓани.
-За Ѓорче Петров имаме јасен план а не празни зборови. По улицата „101“, следуваат „Шарпланинска“, „Веле Марков“ и многу други капитални проекти. Ги решаваме проблемите што со години биле оставени на страна. Продолжуваме силно, одговорно и посветено. Скопје се менува! – објави Ѓорѓиевски.




