Со забрзана динамика се одвиваат градежните работи за поврзување на улицата „Љубљанска“ со улицата „Скупи“, информира градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

Преку објава на социјалните мрежи, Ѓорѓиевски информира дека проектот е во завршна фаза.

-Наскоро, овој важен мост на реката Вардар ќе биде ставен во функција и ќе овозможи подобро, побрзо и побезбедно движење за скопјани“, вели градоначалникот Ѓорѓиевски.

Тој додава дека се работи на откочување на проекти и интензивирање на теренските активности со цел подобрување на функционалноста на градот.