На 13.05.2026 година во 23:40 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го привеле 22-годишниот С.С.С. од Кралството Холандија.
Според информациите од полицијата, тој бил приведен по претходна пријава дека околу 23:35 часот на подрачјето на Центар се однесувал непристојно и го нарушил јавниот ред и мир. Дополнително, во пријавата било наведено дека лицето наводно носело пиштол.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.




