На 13.05.2026 во 11:50 часот во СВР Скопје e пријавено дека на ул.„Багдадска“ во Скопје, товарно возило „фиат дукато“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.К.(60) од с.Волково, скопско, удрило во 92-годишната М.К. од Скопје.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.К., констатирани во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.




