Три села јужно од Берлин се евакуирани поради шумски пожар на површина од околу 400 фудбалски терени, соопштија германските власти.

Околу 500 луѓе мораа да ги напуштат домовите поради пожарот во Тројенбрицен, на околу 50 км од Берлин.

Пожарот избил синоќа и се проширил ноќеска под влијание на ветер. Чадот е надвиснат над делови од Берлин каде на жителите им е советувано д а не отвораат прозорци. Пожарникари се обидуваат да го локалираат пожарот, јави ДПА.