Пожарникарите денеска втор ден се борат со шумски пожар во јужна на Турција, во се повредени неколку лица, а повеќе од 1.000 луѓе се евакуирани од своите домови и туристички хотели, соопшти службата за вонредни ситуации.

Во гаснењето на пожарот што избувна во областа Гулнар учествуваат 29 хеликоптери и 11 авиони, соопштија турските власти.

Според локалните власти, електричната енергија била прекината во некои области како превентивна мерка за заштита на пожарникарите за време на операцијата.

Шумскиот пожар избувна вчера во областа Гулнар, во градот Мерсин, југоисточна Турција, каде што се гради нуклеарната централа Акују.