Одберете го вашето ново вино, зголемете го винското искуство.

Македонската асоцијација на сомелиери (МАСОМ) е домаќин на првото пролетно издание на GrandVin, салон кој ги промовира македонските производители на вина и јаки алкохолни пијалоци, и ја поттикнува македонската винска култура. Настанот ќе се одржи на 8 април 2023 година, од 12 до 20 часот, во хотел Мериот.

Посетителите ќе можат да уживаат во над 400 вина од 50 винарии, додека за љубителите на посилната „капка“, на павилјонот „Masters of Distilleries“ ќе има 15 внимателно избрани македонски дестилерии. Земја гостин на овој настан е Албанија, од каде доаѓаат шест албански винарии по препорака од Албанската Асоцијација на Сомелиери, давајќи им на посетителите единствена можност да ги искусат нивните уникатни и богати вкусови.

„Возбудени сме што наидовме на голем интерес кај винариите да ги изложат нивните вина од последната берба кои за пошироката јавност се од скоро или допрва ќе бидат достапни“, вели организаторот. „Освен тоа, среќни сме што токму Албанија ќе биде земја-гостин бидејќи има долга традиција на производство на вино, со што ја засилуваме сликата на балканскиот вински полуостров во светот. Овој настан ќе претставува шанса за посетителите да искусат нешто ново и уникатно“, додаваат од МАСОМ.

На сите посетители им претстои ден исполнет со врвни вина, вкусна храна и нови откритија во винскиот свет.

Влезници за настанот на  https://www.karti.com.mk/grand-vin-spring-edition.nspx