Горан Иванов е назначен за в.д. директор на Управата за финансиска полиција на местото на досегашниот директор Арафат Муареми.

Муареми изминатата недела соопшти дека повеќе нема да ја извршува таа функција, а во меѓувреме беше обелоденето дека истекол и неговиот мандат.

Иванов е финансиски инспектор кој има претходно банкарско искуство.

Истовремено на владина седница денеска е разрешен државиот Правобранител Фехми Стафа.

Стафа беше на чело на институцијата која го обвини Арафат Муареми дека своевремено бил еден од истражителите на СЈО кои ја кочеле продажбата на конфискуваниот имот на Сеад Кочан во случајот „Трансмет“.