Гордана Јанкуловска спроведена во Идризово

/ 28.09.2020

Канал 5 дознава дека екс-министерката Гордана Јанкуловска е спроведена во затворот Идризово.

Телевизијата тврди дека оваа информација им е потврдена и од МВР.

По пресудата на Врховниот суд , надлежниот судија издал налог за нејзино спроведување во затворот Идризово.

Поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска, во октомври 2018 е осудена на шест години затвор од страна на судот во случајот „Тенк“ за набавката на блиндираниот Мерцедес.


Од истата категорија