Семејството Брет од Велика Британија го добија својот најмлад член – мало девојче со кое се гордее. Ова не би биле толку спектакуларни вести ако девојчето не се роди во семејство кое веќе има 10 сина.
Кога го роди својот најмлад син, со необичното име Ротгаид, Алексис Брет стана првата мајка во Велика Британија која родила 10 сина по ред.
Алексис мислела дека семејството е целосно, но подоцна се покажа дека животот имал уште едно мало изненадување за неа и нејзините блиски, кога добила уште едно дете. Последното дете го родила на 39 години. Во последните 18 години, Алексис повеќе од 8 години била бремена. На ќеркичката и даде име Камерон.
Среќните родители велат дека во семејството малку се сменила динамиката затоа што сите браќа внимаваат да не ја разбудат малата сестра и генерално подобро се однесуваат.
Кога дознале за последната бременост, биле изненадени, но и пресреќни. Очекувале уште едно момче, но сепак добија девојче. Среќната мајка вели дека ова е дефинитивно нејзиното последно дете затоа што нејзиното семејство сега е дефинитивно потполно.
Алексис вели дека животот со толку многу деца не е лесен, но планира наскоро да се врати на скратено работно време како фитнес инструктор.