Петстотини евра казна, во денарска противвредност, изрече Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ) на неодговорен сопственик кој го напуштил својот миленик – куче, во рамки на зајакнатите инспекциски контроли за справување со неодговорните сопственици на миленици, објави Град Скопје.

– Aгенцијата за храна и ветеринарство апелира до сопствениците на домашни миленици, до крајот на годинава да ја искористат можноста и бесплатно да ги микрочипираат милениците во рамки на кампањата за бесплатно микрочипирање која почна во септември минатата година, а чии активности се реализираат во рамки на тригодишната Стратегија за благосостојба на животните на АХВ. За оваа намена, обезбедени се бесплатни 100 илјади микрочипови за домашните миленици, објави Град Скопје на својот Фејсбук профил.