Во недела на 27 септември ќе се одржи осмото издание на планинскиот спортски настан „Прв до врв 2020“ на Водно.

Програмата на спортскиот настан вклучува трки во планинско трчање, планински велосипедизам, друмски велосипедизам и тим билдинг трка за компании.

Оваа година традиционалниот пикник и музичката програма нема да бидат дел од програмата поради задолжителните мерки за заштита на учесниците од Ковид-19.

Настанот „Прв до врв“ ќе се одржи според пропишаните протоколи од Министерството за здравство.

Сите заинтересирани за учество на настанот „Прв до врв“ можат да се пријават на веб страната www.prvdovrv.mk.

Настанот е организиран од здружението за спорт и рекреација „Прв до врв“ во соработка со Град Скопје  и деловно-општествената заедница.