Времето во Македонија ќе биде сончево со мала локална облачност и посвежо. Ќе дува засилен, повремено силен северен ветер кој наместа ќе надминува брзина од 70 км/час.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 21, а дневната од 23 до 31 степен.

Во Скопје, претежно сончево со засилен северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 17, а дневната ќе достигне до 26 степени.

Во следните денови ќе се задржи претежно сончево време, но со посвежи утра. Дневната температура од недела ќе биде во пораст.