Се уште актуелниот градоначалник на Скопје, Петре Шилегов, подолго време на Фејсбук објавува „своја рубрика“ насловена „Скопје пред и потоа“.

Тој објавуваше една „црна и намуртена“ фотографија на Скопје од времето на „претходниот режим“ што градеше во Скопје, а до неа убаво „насмеана колор фотографија“ од времето на Шилегов, во кое не успеа дури ни да урне се она што најавуваше, а што изгради претходната локална власт на градот. За изградба и да не стане збор.

За вкусови, нели, не се дискутира. Но, по вчерашните локални избори и резултатите од ДИК рубриката на Шилегов во две фотографии изгледа како на фотографијава со која ја дополнуваме „рубриката на Шилегов“ .

(Д.Г.)