Британскиот весник Фајненшл тајмс во својот специјализиран сервис го објави индексот за успешност на Гринфилд инвестициите ФДИ за 2019, од кој се гледа дека Македонија тоне и „блеска“ само во изјавите и прес-конференциите на премиерот, министрите и прес-конференциите на СДСМ.

Според ранг листите за странски директни инвестиции Македонија бележи огромен пад за само две години во делот на инвестиции во ТИРЗ зоните, но и надвор од нив.

Во 2016 година бевме на високото 3-то место, а за само две години по смената на власта Македонија доживеа пад од 15 места и сега се наоѓа на 18. место.

Се потврдува тезата на опозицијата дека странски инвестиции во Македонија нема, она што се прикажува како инвестиции од странски фирми е реинвестираната добивка на претпријатијата кои дојдоа во времето кога ВМРО- ДПМНЕ беше на власт.

Актуелната власт постојано повторува дека НАТО, како и датумот од ЕУ, ни носат директни странски инвестиции, но во практика состојбата е сосема поинаква.

Како што објавивме деновиве, соседна Србија, иако не е кандидат за членство во Алијансата, е светски рекордер според директни странски инвестиции.