На Голо Брдо, некогаш општина Дебар, а сега Пешкопеја во Албанија, Албанците не сакаат да му дадат статус на општина иако таму има околу 200 села населени со Македонци, кои сега ги преобраќаат во Бугари, реагира проф. д-р Солза Грчева, претседател на партијата Глас за Македонија.

– Од село Ербеле, сега во Албанија, е и семејството на Горан Стефановски. Инаку, еве сликовито потсетување на бегалците од Дебар и целата околија, од балистичкиот терор во војната. Меѓу нив и семејството на мојата мајка, дебранка. На сликата, сиротите со тоа што можеле да го натоварат, минуваат низ Охрид, каде луѓето од чаршијата ги гледаат вџашени од трагедијата, пишува Грчева во објавата на својот профил на Фејсбук.

За „балансерот“ ми е зборот, додава на крајот Грчева.